Победа на Динамо, пораз на Звезда, реми на Лестер

Динамо Загреб ја надмина првата пречка за изборување на место во нокаут фазата на Лига Европа откако на домашен терен славеше над Рапид Виена со 3-1. Гостите од Австрија први поведоа на натпреварот со голот на Кнасмулнер во 8. минута, но водството не траеше долго бидејќи четири минути подоцна Петковиќ донесе изедначување.

До крајот на првото полувреме „модрите“ успеаја и да стигнат до пресврт откако Андриќ во 34. минута ја затресе противничката мрежа. Крајниот резултат го постави Шутало во 83. минута.

Македонските репрезентативци денеска не запишаа минути на „Максимир“. Адеми го пропушти дуелот поради повреда, додека Ристовски остана на клупата на резерви.

Со оваа победа Динамо се искачи на втората позиција на табелата во групата со шест освоени бода, четири помалку од водечкиот Вест Хем и два повеќе од Генк против кој „модрите“ се среќаваат во следното коло.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Црвена Звезда пак си ја закомпликува работата откако загуби на домашен терен од Митјиланд со 0-1. Белграѓани од 12. минута останаа со играч помалку, а казната стигна до 56. минута кога со автоголот на Канга данскиот тим стигна до посакуваниот гол во противничката мрежа за многу важни три бода.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Лестер пак ремизираше со 1-1 на домашен терен против Спартак Москва. Откако мрежите мируваа во првото полувреме, гостите преку Мозес стигна до преднсот во 51. минута, а бод на „лисиците“ донесе Амарти седум минути подоцна. Англискиот состав имаше и шанса за водство, но Варди промаши пенал во 75. минута од мечот.

Со ова реми драстично се намалуваат шансите за Лестер да се најде во следната фаза од натпреварувањето во групата каде е и Наполи на нашиот Елиф Елмас.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...