Победа ниже победи против второлигашите, „генералката“ против Пелистер

Фудбалерите на Победа нижат победи против второлигашите во подготвителниот период пред стартот на пролетниот дел од шампионатот.

По победите над Кожуф (1-0) и Тиквеш (2-0), прилепчани славеа и против Гостивар со 1-0 на натпреварот кој се одигра на теренот со вештачка трева во Прилеп. Стрелец на единствениот гол беше францускиот интернационалец Јаник Макота во 40. минута, кој по изведениот корнер доби отпадок топка и од 16 метри со максимално прецизен удар стрелаше во спротивниот горен агол од голот на противникот.

Победа на дуелот против гостиварци настапи во следниот состав: Тофилоски, Тимовски, Ристевски, Паноски, Карчески, Спиркоски, М.Наумоски, Танушев, Трајкоски, Каланоски и Макота. Уште играа:Љамчески, Ј.Наумоски, Мандиќ, Ефремов, Мандиќ, Гешоски, Ристески, Неделков и Јосифоски.

„Генералката“ пред почетокот на вториот дел од сезоната Победа ќе ја има против Пелистер на 10. февруари.

Се вчитува...