Победа поразена од Пелистер во пелагониската тест пресметка (1-2)

Прилепска Победа загуби на последниот пријателски натпревар пред продолжението од сезоната. Прилепчани на теренот на „Могила“ во Прилеп денеска загубија во пелагониската тест пресметка од Пелистер со 1-2.

Пелистер дојде до предност со голот на Шопоски, а пред полувремето за Победа израмни Каланоски. Сепак, битолчани со погодокот на Илијоски во второто полувреме дојдоа до победата.

За Пелистер продолжуваат подготовките со уште неколку контролни дуели во текот на престојнава недела.

Се вчитува...