Победа пред потпис со француски напаѓач

Македонскиот прволигаш Победа е пред ангажман на француски напаѓач. Тој треба да биде 13.засилување за прилепскиот тим во овој летен преоден рок. 26-годишниот Французин Јаник Макота неколку дена е во Прилеп и наредниве денови се очекува да биде официјализиран неговиот трансфер во Победа. Станува збор за класичен напаѓач, роден во Лион, а потекнува од школата на Лион Душер, помалиот од двата клубови од овој град.

Настапувал за Нанси, како и за португалскиот второлигаш Ковилја. Макота се очекува да стави потпис на договор со Победа откако ќе биде комплетирана документацијата.

Се вчитува...