Прилепска Победа во 3. коло од Првата македонска фудбалска лига денеска од 16:30 часот на стадионот „Могила“ во Прилеп атакува на првиот триумф сезонава, против чаирскиот прволигаш Шкупи.
Како што најавуваат од таборот на „црвено-белите“, ова е меч од исклучително значење за прилепскиот прволигаш.
„По лошиот впечаток и поразите од Пелистер и Вардар во првите две кола време е за први три бода и прва победа. Свесни сме за значењето на натпреварот, па токму поради тоа потребно е максимален ангажман за да дојдеме до посакуваната цел и триумф над Шкупи“ – порачуваат од таборот на Победа.
Прилепчани се очекува да имаат и сериозна поддршка од своите навивачи пред кои се чини немаа веќе „кредит“ за нов кикс.
ПМФЛ – 3. КОЛО (денеска, 16:30 ч.)
Прилеп: ПОБЕДА – ШКУПИ
Кратово: СИЛЕКС – ПЕЛИСТЕР
Скопје: СКОПЈЕ – РЕНОВА
УТРЕ (16:30 ч.)
Тетово: ШКЕНДИЈА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР (одложен)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА