Победа се радува – еден гол за бараж за опстанок во Прва лига (ВИДЕО + ФОТО)

Прилепска Победа е тимот кој преку бараж ќе се бори за опстанок во Првата македонска фудбалска лига.

Прилепчани денеска славеа со 1-0 против Ренова со голот на Зоран Даноски во 45. минута, доволно да бидат сигурни пред Скопје и Пелистер кои испаднаа од елитата.

Победа сега ќе го очекува подобриот од дуелот меѓу второлигашите Гостивар и Борец Велес, за финалната бараж пресметка кој ќе ја пополни прволигашката конкуренција за сезоната 2018/2019.

 

Се вчитува...