Победа се засили со Маркоски, Драгарски и Каланоски

Прилепска Победа ги стартуваше подготовките за новата прволигашка сезона и со неколку квалитетни засилувања кои треба да донесат огромна свежина во тимот.

Прилепчани веќе се договорија за ангажман на довчерашните фудбалери на Пелистер, Христијан Драгарски и Ристе Маркоски, како и на играчот од средниот ред на Струга Трим Лум, Антонио Каланоски.

26-годишниот Драгаски, кој игра на дефанзивните позиции, претходно во својата кариера има настапи и за Конкордија во Романија, како и за Радник Сурдулица од Србија. Искуниорт, 32-годишен Маркоски, пак, е поранешен фудбалер на Охрид, Напредок, Брегалница и Пелистер со кого го освои и Купот на Македонија. Маркоски од вторник треба да се приклучи на подготовките на тимот.

Ново засилување на Победа ќе биде и Антонио Каланоски кој изминатава сезона настапуваше за второлигашот Струга ТЛ. Претходно во својата кариера Каланоски има настапи и за Охрид, Напредок, Еуромилк ГЛ, Металург и Силекс.

Победа веќе активно ги реализира подготовките низ кои се планирани и неколку контролни натпревари. Планирани се и неколку засилувања од странство чии имиња ќе бидат обелоденети во текот на престојнава недела.

Се вчитува...