Победа триумфираше и против Тиквеш

Прилепска Победа стигна и до втора победа во вториот пријателски натпревар за време на зимските подготовки.

Прилепчани денеска славеа со 2-0 против второлигашот Тиквеш. Стрелци на головите за Победа беа Каланоски и капитенот Гешоски со удар од белата точка.

Во првиот тест дуел зимава Победа претходно славеше со 1-0 против Кожуф од Гевгелија.

Се вчитува...