Победа веќе кон Втора лига: Пораз и од „пандевци“ (ВИДЕО)

Прилепска Победа не успеа да стигна до, се чини, последната можност за обид за прволигашки спас откако загуби од Академија Пандев со 1-3 (0-0) во заостанатиот натпревар од 24. коло во ПМФЛ кој се одигра денеска во Турново.

„Пандевци“ сосема заслужено стигнаа до триумфот во натпревар во кој сите четири погодоци беа во второто полувреме. Најпрво Академија Пандев дојде до предност во 63. минута по брзиот контранапад и гол на капитенот Љупче Дориев…

Во 71. минута, Александар Мишов донесе водство за струмичани од 0-2…

А, Победа успеа да дојде само до почесен погодок преку Макота во 75. минута…

Аце Стојков во 84. минута ги постави конечните 1-3 со удар од белата точка.

По овој пораз, Победа остана на 23 бода, дури 11 минус од Силекс кој е на позицијата која носи бараж за опстанок во Првата лига. Академија Пандев, пак, е со безмалку осигуран европски излез и на само пет бода од второпласираниот Вардар.

Се вчитува...