Манчестер Јунајтед за првпат под водство на Рубен Аморим покажува знаци на излез од кризата, откако „црвените ѓаволи“ славеа на гостувањето против Лестер со 0-3. Со тоа, Јунајтед за првпат влезе во серија од четири меча без пораз во Премиер-лигата, згора на тоа обезбедувајќи и пласман во четвртфиналето од Лигата на Европа.
Во главна улога и на овој натпревар беше капитенот Бруно Фернандеш, кој со еден гол и две асистенции го предводеше тимот до големи три бода и бегство од долниот дел на табелата.
Резултатот беше отворен во првото полувреме преку Расмус Хојлунд, а на 0-2 во вториот дел зголеми Гарначо, повторно на асистенција на Фернандеш.
Капитенот Бруно одличното издание го заокружи во 89. минута, поставувајќи ги конечните 0-3 со прекрасен гол од работ на шеснаесетникот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА