Победа за „тимот Леброн“ во Ол-стар дуелот на тројки, Дурант МВП (ВИДЕО)

Тимот што го предводеше Леброн Џејмс славеше во Ол-стар пресметката во Шарлот со 178-164 против екипата на Јанис Адетукумбо, а Кевин Дурант кој постигна 31 поен го доби признанието за најкорисен играч. Ова е втора ваква награда за него што го прави 14. играч во историјата со најмалку два МВП трофеја во кариерата.

Екипата на Леброн со пресврт дојде до триумфот, тимот Адетокумбо водеше на полувремето со 11 поени, а во натпреварот во кој практично и немаше одбрани, немаше ниту многу атракции, ниту рекорди. Тимот на Јанис во првата четвртина го израмни рекордот за бројот на поени, 53, а постигнување беше единствено бројот на тројки. Екипата на Леброн псотигна 35 од 91 обиди, комбинирано двете екипи имаа 62 успешни од 168 обиди за три поени.

Ова е втора година во која Ол-стар викендот се игра по новиот формат во кој капитените избираат мешан состав од кандидатите кои се во почетните петорки и резервните состави. Вторпат победува тимот кој го селектира Леброн Џејмс. За него годинава се зборуваше многу со оглед дека во екипата ги одбра Дурант, Томпсон, Ленард, игрчаите чии имиња беа поврзувани со трансфер во ЛА Лејкерс, а кои налето ќе бидат слободни.

Следниот Ол-стар викенд ќе биде одржан во Чикаго.

Се вчитува...