Победата на Македонија над Германија прогласена за една од најголемите фудбалски сензации во 2021 година (ВИДЕО)

Во 2021 година се случија многу фудбалски сензации, како што впрочем се случуваат речиси секоја година. Најголемата е победата на малиот Шериф над големиот Реал Мадрид и тоа среде „Сантијаго Бернабеу“. 1-2 на крајот дуелот го доби молдавскиот тим, кому сите му прогнозираа пораз, и тоа убедлив од „кралевите“, но тимот на Николов успеа да приреди сензација.

Во топ 10 сензации во фудбалот е и победата на Македонија над Германија во Дуизбург. Победа која одекна како „нуклеарка“ низ Светот, и тоа над селекција која до тогаш имаше само два порази во историјата на домашен терен во мундијалски квалификации. Но, се најде Македонија да го нанесе третиот, и тоа беше една од најголемите сензации.

Во топ 10 сензации кои се случија во 2021 година се и шампионската титула на Лил, потоа поразот на Баерн Минхен од второлигашот Кил во Купот, поразот на Реал Мадрид од Алкојано во Купот на Шпанија, победата на Мура над Тотенхем, поразот на Баерн Минхен од Борусија Менхенгладбах со 5-0, лидерството на Ројал Унион во Белгија, како и 17. позиција на Легија Варшава во првиот дел од сезоната во Полска, и елиминацијата на Баер Леверкузен од четвртолигаш во Купот на Германија.

Да се потсетиме на победата на Македонија над Германија низ видео:

Се вчитува...