„Победете го Манчестер Јунајтед и ќе немате проблем со пари до крајот на животот“ (ВИДЕО)

Копенхаген е вистински хит во Лигата на Европа. Данскиот тим го елиминираше турскиот шампион Башакшехир со вкупни 3-1 и се квалификуваше во четвртфиналето каде ќе се сретне со Манчестер Јунајтед.  Тренерот на Копенхаген Стал Солбакен на интересен начин се обиде да ги мотивира своите фудбалери пред најголемиот меч во нивните кариери.

„Ако го победите Манчестер Јунајтед ќе ја добиете мојата премија. Тогаш нема да имате проблеми со пари до крајот на животот“, им вети Солбакен на своите фудбалери. 

 

Се вчитува...