Победи на Сакари и Бадоса на ВТА завршниот турнир во Гвадалахара

Грчката тенисерка Марија Сакари и Шпанката, Паола Бадоса стигнаа до премиерни победи на ВТА завршниот турнир кој се игра во Гвадалахара, Мексико.

Сакари во групата А со максимални 2-0 (6-2 и 6-4) славеше против Полјачката, Ига Швјонтек, додека Паола Бадоса беше подобра од првата носителка на турнирот, Белорусинката, Арија Сабалјенка со идентични 2-0 (6-4 и 6-0).

Вечерва на програмата се мечевите од второто коло во Б групата во кое се среќаваат Плишкова – Контевејт и Крејчикова – Мугуруза.

Се вчитува...