Победите им станаа навика на „росонерите“ со Гатузо

Фудбалерите на Милан продолжија со серијата добри игри, славејќи со 1-0 над Сампдорија за својата петта победа во последните шест кола од Серија А. „Росонерите“ фуриозно го почнаа мечот и веќе во седмата минута имаа шанса за водство, но Родригез не успеа да го претвори пеналот во погодок. Сепак, офанзивата вроди со плод во 13. минута, кога по акцијата на Сусо и Родригез топката стигна до Бонавентура, кој биеше прецизно во мрежата на гостите од Џенова.

Милан пред крајот на првото полувреме постигна и втор погодок преку Бонучи, но истиот беше поништен со ВАР-технологија. Сампдорија имаше извонредна шанса за израмнување во 90. минута, но Кабрари од пет метри биеше крај дирекот по прекрасното додавање на Квалјарела.

Избраниците на Гатузо ја задржаа минималната предност до самиот крај, израмнувајќи се со Сампдорија на делба на шестото место со по 41 бод.

Се вчитува...