„Победив неверојатна тенисерка, Осака е пример за секого“

Лејла Фернандез приреди изненадување во третото коло на УС Опен, откако ја победи четирикратната Гренд слем шампионка Наоми Осака. По големата победа, Канаѓанката не го криеше задоволството.

Фернандеш славеше против минатогодишниот шампион 5-7, 7-6, 6-4.

„Тоа беше одличен натпревар. По првиот сет, си реков да останам позитивен, да се борам. На крајот од вториот сет, најдов решение за нејзиниот сервис. Од тој момент, се борев, ја искористив енергијата што ми ја испратија навивачите, ја враќав секоја топка. Татко ми, кој ми е тренер, ми рече да излезам на терен и да се забавуваме. Јас навистина сервирав исклучително добро. Тоа се случува веќе неколку натпревари“, изјави 18-годишнната тенисерка.

Уште пред почетокот на натпреварот, младата Канаѓанка изјави дека верува дека може да победи големи противници.

„Јас верував. Уште како дете знаев да ги победам сите. Дури и во други спортови, бев конкурентна. Сакав да му кажам на тато дека ќе го победам во фудбалот, дури и ако изгледа невозможно. Отсекогаш ја имав таа верба“, истакна Лејла.

Во осминафиналето младата тенисерка за противник ќе ја има Анџелик Кербер, која исто така ја елиминираше Слоун Стивенс по целосен пресврт.

 

 

 

Се вчитува...