Победничка атмосфера во соблекувалната на Шкупи: Нашиот тим е посилен

Атмсферата во соблекувалната на Шкупи беше победничка, по триумфот над Ренова, со кој со пет бода се издвоија на чело на табелата.

Фудбалерите заедно со раковдоството и стручниот штаб со победничко „селфи“ го прославија триумфот, со коментар: „Нашиот тим е посилен“.

Шкупи со 2:1 ја совлада Ренова во првиот натпревар од 11. коло. Головите за домашниот тим ги постигнаа Адетунџе и Алварез од пенал, а Мутафов само успеа да намали.

Се вчитува...