Победничка еуфорија: Фановите го пречекаа Новак, па следуваше вистинско шоу (ВИДЕО)

Со победата против Данило Медведев со 4-6, 6-3, 6-3 во финалето на Париз, Новак Ѓоковиќ испиша нови страници на историјата, а победничката еуфорија беше прославена од страствените фанови на Србинот.

Вистинско шоу направи познатата нвивачка група „Србикоси“, а Ноле не остана должен.

Ѓоковиќ на крајот на годината го обезбеди местото број 1 со блескавите игри во главниот град на Франција, па ја освои и рекордната 37-ма мастерс титула.

Во тунелот Србинот беше пречекан од „Србикоси“, кои му отпеаја неколку песни. Овој пат песната имаше одличен ритам, но и само два збора „Mercy Bercy“ („Берси, благодарам“). Откако заврши минијатурата на ова трио, Ѓоковиќ ги прегрна фановите и сите заедно почнаа да скокаат во круг.

Со ваквата прослава Новак на најдобар можен начин го архивираше турнирот во Париз, а сега го очекуваат два големи предизвици: завршниот Мастерс во Париз (14-21 ноември) и Дејвис купот (од 26 ноември).

 

 

 

Се вчитува...