Победничката на маратонот во Милано падна на допинг-тест

Кениската атлетичарка, Луси Кабу, победничка на годинашниот маратон во Милано, била позитивна на допинг тестот. Кај Кенијката е утврдено присуство на морфиум во организмот, во примерокот земен токму на маратонот во Милано.

Победата во април годинава на Кабу и беше прв голем успех по серијата проблеми со повредите. Претходно таа заврши на шесто место на маратонот во Хонгконг.

Кабу која има злато на 10.000 м. и бронза на 5.000 м. на Игрите на Комонвелтот во 2006 година и има 12.најдобар резултат во маратон со 2:19.34 часа постигнат во 2012 година во Дубаи.

Позитивниот тест на Кабу му дава уште поширока димензија на допинг скандалот што се шири меѓу атлетичарите од Кенија. Кабу е трета меѓу кениските спортисти од светска класа со позитивен допинг тест во последните два месеци. Претходно поради употреба на недозволени стимулативни средства беа казнети тројниот светски шампион на 1.500 м, Асбел Кипроп и сребрениот медалист на 400 м. на Африканските игри, Бонифаса Мвереса.

Се вчитува...