Победнички „кам-бек“: Ѓоковиќ во свој стил му се врати на „белиот спорт“

Новак Ѓоковиќ со победа над Лоренцо Музети му се врати на „белиот спорт“, 2-0 (6-3, 6-3). Србинот со настапот на АТП турнирот во Дубаи конечно го одигра својот прв, но и официјален натпревар оваа година.

Србинот фуриозно стартуваше во овој двобој, па победата ја најави уште во првиот сет, освојувајќи неколку гема на противникот за освојување на сетот од 6-3.

Во свој стил Новак продолжи и по кратката пауза, па тргна таму каде што застана, искористи брз „брејк“ за ново водство над Музети.

Србинот со рутинска игра до крајот на мечот ја завери својата премиерна победа годинава. Мотивацијата на Ѓоковиќ е поголема од било кога досега, „бојкотот“ со визата во Австралија и „заканата“ од Медведев да го заземе лидерското место на АТП листата, го поттикнува Србинот по кој знае кој пат да покаже зошто е најдобар во оваа игра.

Од останатите резултати на овој турнир, Јиржи Весели го привлече вниманието приредувајќи вистинска сензација, откако го победи фаворизираниот Марин Чилиќ со убедливи 2-0 (6-4, 7-6), додека Енди Мареј со 2-1 го победи Кристофер О’Конел (6-7, 6-3, 7-5).

Се вчитува...