Победнички кам-бек на Одермат во Кортина Д’ампецо

Најдобриот скијач на денешницата Марко Одермат имаше победнички кам-бек по повредата на коленото поради која мораше да пропушти неколку трки во сезоната во Светскиот куп во алпско скијање.

Швајцарецот до победата на супервелеслаломската трка во италијанскиот ски-центар Кортина Д’ампецо стигна со време од 1:25.57 минута што беше за 35 стоти делови од секундата од најголемиот ривал Норвежанецот, Александер Омот-Килде. Подиумот го надополни домашниот скијач, Матија Касе со заостанување од 49 стотинки зад времето на победникот.

Утре во Кортина Д’ампецо не очекува уште еден супервелеслалом.

Се вчитува...