Победнички старт и пласман во осминафиналето за Новак Ѓоковиќ

Шестмесечната пауза има влијание на Новак Ѓоковиќ. Најдобриот тенисер во светот во ре-стартот на тениската сезона, во првиот официјален меч забележа победа, но мораше да се помачи. Во два сета ја доби пресметката со Ричардс Бернкис во првото појавување на Мастерсот Синсинати и обезбеди пласман во осминафиналето на турнирот.

Првиот сет, Ѓоковиќ го доби во тај-брејк, а во вториот беше подобар со 6-4. Денеска за палсман во четввртфиналето, српскиот ас ќе се соочи со Тенис Сандгрен.

Пласман меѓу осмнафиналистите обезбеди и Енди Мареј кој го победи Алксандер Зерев по голема борба во три сета. Поранешниот број еден во светот, сега 134 играч го доби мечот со 6:3, 3:6, 7:5. Во следното коло ќе игра против Милош Раонич кој подобар од Дан Еванс.

Изненадување направи српскиот тенисер, Фиилип Крајиновиќ кој загуби само три гема во победата (6-1,6-2) над вториот тунирски носител Доминик Тим.

Се вчитува...