Победнички старт на Ѓорческа на турнирот во Шпанија

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа стартуваше со победа на силниот ИТФ фјучерс во Гечо, Шпанија, кој се игра за награден фонд од 25.000 долари.

На турнирот кој се игра на земјена подлога Ѓорческа во 1. коло ја победи домашната тенисерка Ивон Кавала-Реимерс, убедливо по само еден час и 9 минути игра, со 6-2, 6-1.

Во второто коло македонската тенисерка ќе игра против третата носителка Олга Саез Лара која на стартот славеше против Русинката, Јана Сизикова.

Се вчитува...