Победничко деби на Душко Ивановиќ на клупата на Црвена Звезда, Ефес ја совлада Барса

Црвена Звезда стигна до втората победа во Евролигата откако на домашен терен во 8. коло славеше со 70-67 против Асвел во првиот натпревар на новиот тренер Душко Ивановиќ.

Белграѓани благодарние на одличната втора четвртина имаа предност од 38-23 на полувремето, но Французите успеаја да се вратат во мечот во второто полувреме и да поведат со +8 (57-65) во последната четвртина. Сепак финишот на мечот им припадна на „црвено-белите“ кои во четири минути успеаја да направат целосен пресврт, а потоа и да ја задржат предноста.

Со 16 поени Ивановиќ беше прво име кај Црвена Звезда, додека него го следшее Вилдоза со 12 поени. Лајти беше лидер на Асвел со 16 поени.

Претходно Ефес го одбрани домашниот терен од Барселона триумфирајќи со 96-86. Каталонците беа подобриот противник само во првата четвртина по која турскиот состав ги зема работите во свои раце и го одбрани Истанбул.

Се вчитува...