Победничко враќање на Наоми Осака по повлекувањето поради депресија

Јапонската тенисерка Наоми Осака триумфално го почна турнирот на Олимписките игри во Токио. Осака во првото коло славеше против Шуаји Женг од Кина со 6-1 и 6-4 во меч кој траеше 89 минути.

Осака го одигра првиот меч уште од Ролан Гарос кога во второто коло се повлече поради депресија.

Втората светска тенисерка на домашен терен на ЛОИ одигра одличен меч заслужено славејќи. Во второто коло ќе игра против Викторија Голубиќ од Швајцарија.

Се вчитува...