Македонскиот претставник во АБА 2 – лигата, МЗТ Скопје Аеродром, на победнички начин ја заокружи 2019 година откако во СЦ „Јане Сандански“ го совлада последнопласираниот тим, составот на Спарс, со 73-64. Во меч со осцилации во играта, на крајот триумфот останува да се памети, вкупно десетти за „металците“ во ова натпреварување.
Тимот на Ѓорѓи Кочов имаше слаб старт и првиот период го загуби со 14-23. Сепак, возврати жестоко во втората четвртина, ја доби со 24-9 и на полувреме замина со предност од шест поени.
При самиот крај, на една и пол минута пред сирената, Спарс се доближи на 68-63, но Бојан Крстевски со реализација на две слободни фрлања го одби нападот на гостите можеби да го загрозат триумфот на МЗТ Скопје Аеродром.
Дамјан Стојановски со 17 поени беше најефикасен во домашниот тим, а Марин Морнар запиша еден поен помалку. Адин Врабац со 15 поени беше најрасположен за игра кај Спарс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА