Победничко збогум во Лигата на шампионите (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ракометарите на Еурофарм Работник во последниот меч во Лигата на шампионите и понудија квалитетна претстава на битолската публика. Во салата „Младост“ падна шпанскиот Бидасоа Ирун, славеа битолчани со 25-23 и потврдија дека не беа залутани во елитното европско клупско натпреварување. Претходно, Еурофарм Работник ги совлада и Кокс и Савехоф и со три победи се простува од ЛШ. Сега силите ќе бидат насочени кон СЕХА и домашната сцена, каде овој состав дефинитивно има што да каже…

 

Се вчитува...