Победникот од Торонто доживеа изненадувачка елиминација во Синсинати

Освојувачот на мастерсот во Торонто, Јаник Синер доживеа шокатна елиминација во неговиот прв меч на турнирот во Синсинати.

Италијанецот во 2. коло загуби од српскиот тенисер Душан Лајовиќ со 2-0, по сетови 6-4 и 7-6. Во осминафиналето Лајовиќ ќе има нова тешка задача бидејќи го очекува дуел со Американецот, Тејлор Фриц.

Првата тенисерка во светот Ига Швјонтек на маестрален начин го стартуваше својот настап на женскиот турнир. Таа буквално ја прегази домашната тенисерка Даниеле Колинс добивајќи ја со максимални 2-0, дозволувајќи и само еден гејм (6-0 и 6-1).

Се вчитува...