Побегна ли Роналдо во Јувентус поради проблемите со данокот во Шпанија?

Португалскиот ас Кристијано Роналдо по девет години го напушти Реал Мадрид и потпиша четиригодишен договор со италијанскиот првак Јувентус. Овој мегатрансфер треба да биде официјализиран на почетокот на следната седмица, а се уште се нагаѓаат причините поради кои Роналдо одлучи да си замине од „Сантијаго Бернабеу“. Некои велат дека одлуката е спортска, но можеби има и сосема други причини за заминувањето.

Роналдо е на суд поради неподмирени даночни обврски во Шпанија, а се јави и министерот за финансии во Владата на Шпанија, Хосе Марија Молинедо, кој потенцираше дека Португалецот мора да ги плати парите или ќе биде издадена потерница за негово апсење.

„Тоа што Роналдо потпиша за Јувентус нема да промени ништо во целата ситуација околу данокот. И во Италија може да биде издаден налог за да биде приведен. Европскиот суд на правдата е вклучен во целиот случај“, изјави Милинедо.

Речиси сите фудбалери кои како странци играат во Шпанија, имаа проблеми со данокот. Претходно, и Лионел Меси, Лука Модриќ, Марсело, исто така мораа да ги решаваат овие проблеми.

Се вчитува...