Килијан Мбапе одигра меч за паметење против Монако постигнувајќи хет-трик против својот поранешен клуб, за прослава на новата шампионска титула на ПСЖ.
Францускиот ас постави и неверојатен рекорд, откако при еден трк кон противничкиот гол достигна и брзина од неверојатни 40 километри на час. Станува збор за брзина поголема од просекот на Усаин Болт (36,7 километри на час), но и на досегашниот рекорд на Арјен Робен, кому на СП 2014 му беа измерени 37 километри на час.
Да се потсетиме, Мбапе има само 20 години, со потенцијал да стане уште побрз, со самото тоа и уште поголем кошмар за противниците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА