Почеток на ерата без Кире Лазаров на теренот – Македонија ги дознава ривалите за квалификациите за ЕП 2024

Македонската ракометна репрезентација денеска ќе ги дознае ривалите од квалификациите за ЕП 2024, на ждрепката што ќе се одржи во Берлин со почеток во 18 часот.

Македонија ќе биде дел од вториот шешир, па за ривали нема да може да ги добие Чешка, Полска, Црна Гора, Холандија, Србија, Швајцарија и Украина. Пласман на ЕП ќе обезбедат најдобрите две селекции од секоја група, како и четирите од осумте третопласирани селекции.

Според реномето, Македонија има големи шанси за континуитет од настапи на европските шампионати, но мора да се истакне дека ова ќе бидат првите квалификации во кои ќе бидеме без Кире Лазаров на терен, а ќе ја немаме и помошта и искуството на Филип Миркуловски.

Директен пренос од ждрепката во Берлин ќе може да се проследи на Арена Спорт 1.

 

ШЕШИР 1: Норвешка, Франција, Хрватска, Словенија, Унгарија, Португалија, Исланд, Австрија

ШЕШИР 2: Македонија, Чешка, Полска, Холандија, Црна Гора, Србија, Швајцарија, Украина

ШЕШИР 3: Босна и Херцеговина, Литванија, Летонија, Израел, Словачка, Турција, Романија, Грција

ШЕШИР 4: Косово, Белгија, Естонија, Фарски Острови, Финска, Италија, Грузија, Луксембург

Се вчитува...