Почетокот на натпреварот Фулам – Ливерпул е одложен за 15 минути. „Црвените“ треба да играат во Лондон, но мечот беше презакажан за 15 минути. Причината е поради тоа што требало да биде укажана медицинска помош.
„Поради итна медицинска помош, почетокот на натпреварот е одложен за 15 минути“, објави Фулам на социјалните мрежи.
Според некои медиуми, на еден гледач на стадионот му се слошило, по што веднаш му била укажана медицинска помош.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

