Почина боксерот што ја запре најимпресивната серија во историјата

Светскиот бокс викендов жали по Френк Рендал, откако американскиот ас почина на 60-годишна возраст, губејќи ја битката со долгогодишната болест. Рендал, кој беше трикратен шампион во велтер категорија, почина по долгодишна борба со деменцијата и со Паркинсовата болест.

Рендал останува запаметен како легенда по историската борба во 1994 година, кога по судиска одлука го совлада Хулио Цезар Чавез, кој беше во серија од 90 меча без пораз (89 победи и едно реми).

Подоцна Рендал и Чавез имаа уште две борби, последен пат во 2004 година, при што Чавез двапати стигнуваше до победата. Рендал ја заврши кариерата во 2005 година со 58 победи (42 од нив со нокаур) и 18 порази.

Се вчитува...