Почина еден од најдобрите ракометни тренери на сите времиња

Легендарниот шведски ракометен стратег Бенгт Јохансон почина денеска во Халмштад на 79-годишна возраст, објави Шведската Ракометна Федерација.

Јохансон ќе остане запаметен како најдобар шведски ракометен стручњак, а неговото име оправдано се вбројува меѓу најголемите ракометни умови на сите времиња.

Тој имаше успешна играчка кариера во која освои четири титули во домашното првенство, имаше и 83 настапи за националната селекција. Сепак, Бенгт Јохансон остави најголема трага како селектор на Шведска, функција што ја извршуваше од 1988 до 2004 година.

Во овој период Шведска освои две титули светски првак, четири трофеи европски шампион, како и три олимписки сребрени одличја.

Се вчитува...