Почина една од најголемите легенди на Бостон Селтикс

Легендарниот Кеј Си Џонс денеска почина на 88 годишна возраст, пренесуваат американските медиуми. Станува збор за 11-кратен НБА шампион и дел од „златната“ генерација на клубот од Масачусец предводена од Бил Расел.

Кеј Си Џонс осум од единаесетте титули ги освои како кошаркар, додека три како тренер на „келтите“. Покрај овие титули тој стигна до прстен и во 1972 година кога беше помошник во ЛА Лејкерс.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @nbatv

Се вчитува...