Почина француски фудбалер кој по грешка на докторите беше 39 години во кома

Фудбалерот на Франција со потекло од Сенегал, Жан Пјер Адамс почина на 73 годишна возраст, откако минатите 39 години ги мина во кома. Станува збор за поранешен репрезентативец на „триколорите“, кој на 17 март 1982 година беше подложен на оперативен зафат за лигаментите во коленото, но по грешка на анестезиологот тој доживеа проблеми и поради брохноспазма загуби воздух во мозокот, па падна во кома.

Адамс помина неверојатни 40 години во кома, бидејќи неговата сопруга Бернадет одбиваше да прифати еутаназија. По долгата кома, Адамс во текот на денешниот ден беше потврден за починат во универзитетската болница во градот Ним.

Kариерата на Жан траеше до неговата 34 година, Французинот настапуваше за тимови од неговата земја Ентенте, Ним, Ница, Мулхаус, Шалон и ПСЖ. За репрезентацијата на Франција запиша 22 натпревари од 1972 до 1976 година.

 

 

 

 

Се вчитува...