Почина Илчо Јанев, тренерот кој го создаде Кирил Лазаров

Нова голема загуба доживеа македонскиот ракомет, откако денеска почина тренерот Илчо Јанев. Јанев во моментов беше дел од школата на КЛ7 во Свети Николе, а најпознат во ракометните води е по тоа што го создаде најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров.

Токму Јанев беше чоекот кој му беше прв тренер на најдобриот македонски ракометар.

Веста за смртта на Јанев ја објави тимот на Овче Поле на социјалните мрежи.

Се вчитува...