Почина легендарниот Бора Станковиќ

Легендарниот Бора Станковиќ, кој долги години беше генерален секретар на ФИБА и член на Меѓународниот олимписки комитет, почина во 95 година од животот во Белград.

Станковиќ беше еден од татковците на југословенската кошарка, кој беше примен во Куќата на славните во 1991 година. Целиот живот го посвети на кошарката. Беше кошаркар во периодот од 1946 до 1953 година, кога ги носеше дресовите на Црвена Звезда и Партизан. Во Партизан во исто време ја извршуваше и тренерската кариера, а исто така во кариерата го предводеше италијанскиот Канту. Повеќе од десет години беше на чело на ОКК Београд.

Беше генерален секретар на ФИБА во периодот од 1976 до 2002 година и е еден од најголемите виновници што НБА кошаркарите почнаа да играат на натпреварувањата организирани од ФИБА.

Се вчитува...