Почина легендарниот Герд Милер

Легендарниот напаѓач на Баерн Минхен Герд Милер почина на 75 години, објави баварскиот клуб. Во ноември минатата година германските медиуми пренесоа дека тој болува од тежок облик на деменција, а најблиските веќе ја губат надежта дека состојбата би можела да му се подобри.

Кога ќе го посетеа пријателите, како Франц Бекенбауер тој секогаш не ги препознавал. Некои избегнуваа да го посетат, бидејќи како што велеа „тешко е да гледате таков голем човек во толку тешка состојба. Не ве познава и мисли дека сте странци“.

Милер беше најдобар стрелец на СП 1970, а истата година легендарниот Германец ја освои и „Златната топка“. Две години подоцна тој ја предводеше Германија то триумф на ЕП, постигнувајќи два гола во финалето, а потоа на СП 1974 повторно беше „златен“ за Германците, постигнувајќи го голот за победа од 2-1 во финалето против Холандија. На клупски план, тој имаше три титули европски првак во низа со тимот на Баерн Минхен.

Се вчитува...