Почина легендарниот југословенски голман Драган Пантелиќ

Легендарниот југословенски голман Драган Пантелиќ почина на 68 годишна возраст како последица од коронавирус.

Тој починал утрово во Универзитетскиот клинички центар во Ниш. Вчера состојбата му се влошила на Пантелиќ по што бил приклучен на респиратор, но за жал ја загубил битката со коронавирусот. Во кариерата бранеше за Раднички Ниш, Лешница, Графичар, Бордо и Тимок. За репрезентацијата на Југославија запиша 19 настапи од 1979 до 1984 година.

Беше прв голман на Светското првенство 1982 година. Пантелиќ за Југославија има постигна и два гола од пенал.

Се вчитува...