Почина легендарниот пингпонгар Драгутин Шурбек

Тажна вест доаѓа од Хрватска. Почина Драгутин Шурбек, легендарниот пингпонгар, кој беше европски и светски првак во зенитот на својата кариера. Шурбек ненадејно почина на 72-годишна возраст, денеска во раните утрински часови.

Тој освои дури 36 медали на европските и на светските првенства. Неговата кариера траеше три децении и беше еден од легендарните спортисти на поранешна Југославија.

Се вчитува...