Почина легендарниот тренер кој ги откри Тоти и Баџо

Легендарниот италијански тренер Карло Мацоне почина денеска на 86 годишна возраст во Рим.

Мацоне, кој е рекордер по број на мечеви како тренер со 792 меча во кариерата своевремено беше на чело на Рома и Бреша клубови во кои соработуваше со великаните Франческо Тоти и Роберто Баџо. Покрај во овие два клуба тој во кариерата работеше и во: Фиорентина, Катанцаро, Асколи, Болоња, Лече, Пескара, Калјари,  Наполи, Перуџа и на крај Ливорно.

Во 2002 година го доби признанието „златна клупа“ за тренерски достигнувања, а пред три години влезе во италијанската „куќа на славните“.

Се вчитува...