Почина легендата на Партизан Момчило Вукотиќ

Почина легендарниот фудбалер на Партизан, Момчило Моца Вукотиќ. По долга и тешка борба со ракот на грлото тој денеска почина на 71 годишна возраст. Прочуениот крилен напаѓа одигра 791 во дресот на „црно-белит“ и беше рекордер до неодамна кога Саша Илиќ го урна неговиот рекорд.

Член на Партизан стана на 12 години и ги помина сите младински школи во клубот, а првотимец стана во 1968 година. Како фудбалер три пати беше шампион на Југославија со Партизан, а како тренер го водеше белградскиот клуб до титулата во Купот и Суперкупот на Србија.

За Партизан играше во два наврати. Од 1968 до 1978 година и од 1979 до 1984 година. За репрезентацијата на Југославија запиша 14 настапи. Дебитираше на 20. септември 1972 година против Италија кога го постигна единствениот гол за Југославија во поразот од 3-1.

 

Се вчитува...