Почина навивач на Ливерпул – му се слошило за време на мечот со Бенфика

Ливерпул после синоќешнит 3-3 против Бенфика на домашен терен обезбеди пласман во полуфиналето во Лигата на шампионите. За жал, утрово, 12 часа после пласманот меѓу најдобрите четири тима, Ливерпул се огласи и испрати сочувство до семејството на еден навивач, кој починал за време на мечот синоќа.

На навивачот му се слошило пред почетокот на натпреварот на „Енфилд“, дваесетина минути пред стартот бил пренесен во најблиската болница, но таму лекарите не успеале да се изборат за неговиот живот.

„Со голема тага Ливерпул потврдува дека почина навивачот кому му се слоши синоќа за време на натпреварот со Бенфика. Изразуваме сочувство до семејството, на неговите сакани како и на пријателите“, се вели во соопштението на Ливерпул

Се вчитува...