Светот на американскиот фудбал е обвиен во црно откако Артур Џонс, поранешен дефанзивец и победник на Супербоул со Балтимор Рејвенс, почина ненадејно. Имаше само 40 години.
Веста за неговата смрт ја потврди клубот од Мериленд, со емотивна изјава од генералниот менаџер Ерик Де Коста.
„Неверојатно сме тажни поради ненадејната смрт на Артур Џонс. Неговото присуство беше подарок за сите околу него. Неговата насмевка, енергија и неисцрпна позитивност го правеа секогаш да ги крева луѓето. Беше нежен, храбар и полн со ентузијазам, а љубовта што ја покажуваше кон своето семејство, пријатели и соиграчи ќе се памети засекогаш“, велат од Балтимор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

