Почина поранешна освојувачка на сите четири гранд-слам тениски титули

Поранешната најдобра тенисерка во светот и сопственичка на трофеите од сите четири гранд-слам турнири, Ширли Фрај Ирвин почина на 94-годишна возраст, објави тениската „Куќа на славните“.

Фрај е само една од десетте жени во историјата кои успеале да слават на сите четири гранд-слам турнири. Таа славеше на Ролан Гарос во 1951, Вимблдон и УС Опен 1956 и Австралија опен 1957 година.

Светски број 1 беше во 1956, а во кариерата освои и 13 гранд-слам трофеи во игра на двојки. Американката во 1970 година беше примена во тениската „Куќа на славните“.

Се вчитува...