Поранешниот претседател на Француската фудбалска федерација (ФФФ), Жан-Пјер Ескалет, почина на 90-годишна возраст, соопшти федерацијата.
Ескалет, кој ја водеше федерацијата од 2005 до 2010 година, беше на чело кога Франција стигна до финалето на Светското првенство во 2006 година, а земјата го доби домаќинство на ЕВРО 2016 во 2010 година.
„Длабоко почитувана и ценета личност во францускиот фудбал Жан-Пјер Ескале го посвети целиот свој живот на нашиот спорт, на кој му служеше со страст, човечност и лојалност од неговите рани денови како играч, тренер и функционер, па се до највисоките одговорности во Федерацијата“, стои во соопштението на ФФФ.
Ескалет поднесе оставка откако Франција беше елиминирана од групната фаза на СП 2010 година во Јужна Африка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

