Иако Барселона се врати на „Камп Ноу“, каде што почна да игра натпревари во средината на минатата сезона, работите се уште не се завршени. За жал, денеска загина работник (54) за време на реконструкцијата на култниот спортски објект.
Човекот добил силен удар во главата од причини кои се уште не се разјаснети, а екипите на брзата помош не успеале да му го спасат животот. Шпанските медиуми пренесуваа дека најверојатно станува збор за несреќа при работа, но истрагата е во тек за да се утврди што точно го предизвикало фаталниот удар.
Се претпоставува дека несреќниот човек бил удрен од друга кранска машина на градилиштето. Идентитетот, националноста и компанијата за која работел починатиот се непознати, како и идентитетот на работникот што управувал со другиот кран.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
