Почина ракометниот тренер со кого Кометал Ѓорче Петров го освои Супер-купот на Европа

Ракометниот спорт остана без уште еден врвен стручњак откако легендарниот украински тренер Леонид Евтушенко почина на 77-годишна возраст.

Овој стратег е добро познат и на македонската спортска јавност бидејќи своевремено беше тренер на Кометал Ѓорче Петров, со македонскиот тим освојувајќи го трофејот во Супер-купот на Европа во 2002 година.

Евтушенко кратко остана во Скопје, тој на клупата на Кометал го наследи Александар Панов по освојувањето на европската круна, но Украинецот неочекувано доби отказ по триумфот во Супер-купот на Европа.

Со неговото име се врзуваат и најголемите успеси на женската репрезентација на Украина, меѓу кои се истакнува пласманот во финалето на Европското првенство во 2000, во кое беше поразена од Унгарија. Претходно, јуниорките на Украина станаа европски шампионки под водство на Евтушенко.

Се вчитува...