Почина скаут на Манчестер Јунајтед

Поранешниот тренер и досегашен скаут на Манчестер Јунајтед, Томи Молер Нилсен почина на 61-годишна возраст. Тој беше задолжен за барање на играчи во Данска за Јунајтед, а од англискиот великан беше ангажиран во 2016 година.

Во минатото Нилсен беше тренер на Коге, Глазгов Ренџерс, Виборг, спортски директор на Макаби Нетања, директор на младинските екипи на неколку клубови.

Негов татко Ричард Молер Нилсен беше исто така истакнат спортски работник во Данска. Тој беше селектор на Данска во времињата кога оваа селекција играше против Македонија во квалификациите далечната 1994 година, а беше селектор и на Финска и на Израел.

Се вчитува...